Почетна Убавина и здравјеЗапис на индијански поглавар што ќе ви ги отвори очите: Запомнете ја оваа моќна порака!

Запис на индијански поглавар што ќе ви ги отвори очите: Запомнете ја оваа моќна порака!

од nenad
3 минути читај за

Поглаварот Сиетл во својата порака ја нагласува поврзаноста на човекот и природата

Кога американската власт во 19 век сакала да ја купи земјата на неговото племе, поглаварот Сиетл одговорил со зборови кои станале симбол на почитта кон природата и животот.

„Претседателот во Вашингтон порачува дека сака да ја купи нашаа земја.

Но како човек може да купи или продаде небо, ветер или земја? Нам таа помисла ни е непозната.

Ако воздухот што го дишеме и водата што нè одржува во живот не му припаѓаат никому, како тогаш некој може да ги поседува?

За мојот народ, секој дел од оваа земја е свет.

Секоја борова игличка, секој песочен брег, секоја магла во длабока шума, секоја ливада и секој инсект што зуе ги носат спомените и духот на нашиот народ.

Ние го познаваме сокот што тече низ дрвјата како што ја познаваме крвта која тече низ нашите вени.

Ние сме дел од земјата и таа е дел од нас.

Цвеќињата се нашите сестри. Мечката, еленот и орелот се нашите браќа. Планините, ветровите, коњите и луѓето – сите му припаѓаме на истото семејство. Реките не се само вода, тие се крвта на нашите предци. Нивниот жубор е гласот на нашите дедовци. Тие ни ја гасат жедта, ги носат нашите чамци и ги хранат нашите деца.

Затоа, ако ви ја продадеме оваа земја, мора да ги сакате реките како што се сака сестра.

Воздухот ни е драгоцен, бидејќи сите живи битија го делат истиот здив.

Ветерот што му го дал првиот здив на нашиот дедо, ќе го прими и неговиот последен.

На нашите деца тој им го носи духот на животот.

Ако ви ја предадеме земјата, чувајте ја како свето нешто.

Нека остане место каде човек ќе може да почувствува ветер кој мириса на ливадско цвеќе.

Сакате ли вашите деца да го научат она што ние сме ги научиле нашите?

Дека земјата е нашата мајка.

Што и да ѝ се случи на земјата, ќе им се случи и на нејзините деца.

Знаеме едно нешто: човекот не ја поседува земјата – човекот ѝ припаѓа на земјата.

Сè е поврзано, како крв која спојува едно семејство.


Поврзани објави

Човекот не ја создал мрежата на животот: тој е само една нишка во неа.

Што и да ѝ направи на таа мрежа, ќе си го направи и себеси.

Што ќе се случи кога ќе исчезнат бизоните?

Кога ќе се скротат дивите коњи?

Кога шумите ќе ги исполни бучавата од луѓето, а брдата ќе ги пресечат жици?

Каде ќе биде дивината тогаш?

Ќе исчезне.

Каде ќе биде орелот?

И тој ќе исчезне.

Така ќе дојде крајот на животот што го познаваме и ќе започне борбата за преживување.

Кога последниот Црвен човек ќе исчезне, а споменот за него ќе остане само како сенка од облаци над преријата, ќе може ли духот на мојот народ и понатаму да живее во оваа земја?

Ние ја сакаме оваа земја како што дете ги сака отчукувањата на мајчиното срце.

Затоа, ако ви ја предадеме, сакајте ја како што ја сакавме ние.

Чувајте како што ја чувавме ние.

Пренесете им го споменот за земјата на вашите деца, онаква каква што сте ја затекнале.

Бидејќи земјата е драгоцена.

И за нас и за вас.

Знаеме уште нешто: постои само еден Бог.

Ниту еден човек – бил тој црвен или бел – не може да биде одвоен од другите.

На крајот, сите сме браќа.“

ФОТО: Freepik