Околу 10.000 нови вработувања се планирани за оваа година од страна на авиокомпанијата „Луфтханза“, што во пракса докажува дека туристичката индустрија доживува нов бум по пандемијата на коронавирус. Во истиот контекст се очекува да биде финализирана и аквизицијата на италијанската авиокомпанија ИТА.Со оглед на проширувањето на своите активности, „Луфтханза“ ќе прими околу 10.000 нови вработени во 2025 година. Само во „Луфтханза техник“ се отворени 2.000 работни места, а исто така се бараат и околу 800 пилоти. Можности за вработување ќе постојат и за кабинскиот екипаж и за менаџмент. Повеќе од половина од позициите се во Германија.