Катарина, која се породи пред неколку месеци, падна во втор план.
Дарко Лазиќ вчеравечер настапи во Белград за време на новогодишната ноќ, а на неговиот настап присуствуваше и неговата поранешна сопруга Ана Севиќ со која ја има ќерката Лорена.
Ана дојде со сопругот Даниел Недељковиќ на настапот на поранешниот сопруг, а таму беше и новата сопруга на Дарко, Катарина. Пејачот и водителка имаа фантастична новогодишна ноќ, а тоа го потврди и фотографијата која осамна на Инстаграм.
На сликата, Ана и Дарко насмеани позираат покрај своите партнери, а очигледно е дека дружењето не му пречело на ниту еден од нив.
Да потсетиме, откако го тужеше за алиментација, Ана истакна дека сега е во одлични односи со бившиот сопруг.
Фото: Printscreen Instagram @katarinalazic