Со новата објава ги збуни следбениците и ги остави во дилема.
По разводот со водителот Милан Калиниќ, Сандра Калиниќ живее со полни гради. Таа на својот инстаграм-профил сподели цитати кои многумина натераа да помислат дека му се обраќа на поранешниот сопруг.
Би сакала во новата година сите да го добиеме она што го заслужуваме, а не она што го сакаме. Прво, мислам дека е фер, и второ – желбите понекогаш не се ништо во споредба со она што навистина ни треба и кое ни следува. Дали предничат нашите желби или заслуги ќе знаеме по тоа дали првата реченица ја доживеавме како проклетство или благослов.
Потоа, Сандра сподели уште еден цитат:
Поврзани објави
Заблагодари се на себе за сè што си издржала. Извини се на себе за сè што си трпела. И само храбро во 2025 година.“
Овие зборови многумина ги сфатија како одраз на нејзиниот нов почеток откако помина низ тежок период.
Инаку, водителот и актер Милан Калиниќ се најде среде скандал откако една жена го пријави за насилство. Според нејзините тврдења, инцидентот се случил нешто пред полноќ во нејзиниот стан, поради што повикала полиција изјавувајќи дека Калиниќ ја нападнал.
Третото основно јавно обвинителство во Белград излезе со соопштение за овој случај. Имено, на актерот веднаш му била изречена забрана за приближување до жената што ја нападнал.
Додека Калиниќ имал конфликт со жената од Нови Београд во нејзиниот стан, неговата поранешна сопруга Сандра уживала во излегувањето. Имено, Сандра се огласи на својот инстаграм-профил каде што покажа како ужива со својата пријателка во центарот на српската престолнина.
Фото: Printscreen @kalinasandra