Не сакам да се мешам во нечиј приватен живот…
Пејачката Билјана Јевтиќ на прашањето за разводите на сцената истакна дека бракот не треба да се форсира доколку односот меѓу двајца не функционира.
Билјана, која е 40 години во брак со колегата Александар Ацо Илиќ, вели дека не сака да навлегува во туѓи интимни работи, туку дека покрај нив на јавната сцена има и други долговечни парови.
Поврзани објави
Не сакам да се мешам во нечиј приватен живот, друго е кога читаме и гледаме. Потоа секој од нас го формулира на свој начин и коментира тоа, но што се случило и како било, најдобро знаат двајцата кои живееле заедно. Има бракови кои опстојуваат на естрадата, не сме само ние, има и подолги бракови од нашиот, но се случуваат и разводи“ – рече Билјана, па додаде:
„Ќе изгубиш домашно милениче и страдаш, а камоли ова. Ако живееш со некого толку години, градиш, создаваш деца, не е лесно… Никој не може да каже дека е лесно, но животот е борба, знаете што велат: „Подобро болен крај отколку болка без крај“– заклучи Јевтиќ.
Фото: printskrin Youtube/Zvezde Granda Specijal
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: