Почетна Убавина и здравјеСочна е, мека и слатка, со богат вкус – Убавина и здравје

Сочна е, мека и слатка, со богат вкус – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Ниту еден десерт не ѝ е рамен на посната штрудла со афион

Оваа посна штрудла со афион е повкусна од секоја друга. Полна е со ореви, џем и афион, а останува тазе и мека дури и утредента.

Состојки:

За филот:

  • 300 мл чај од јагода
  • 400 г мелен афион
  • 150-200 г шеќер
  • 4 лажици џем
  • 100 г суво грозје
  • 150 г мелени орева
  • по потреба додајте уште 50-100 мл чај или стопен посен маргарин

За тестото:


Поврзани објави

  • 500 г брашно
  • 5 лажици шеќер
  • 15 г квасец
  • 1 прашок за печиво
  • 125 г посен маргарин + 50 г за премачкување
  • 200-250 мл вода
  • кора од 1 лимон
  • прстофат сол
Приготвување:

Пригответе го филот така што прво ќе сварите чај од јагода. Потоа, ќе измешате афион, ореви, шеќер и џем, па ќе го додадете врелиот чај да го попари афионот. Кога сето тоа убаво ќе го измешате, пригответе го тестото.

Пригответе го тестото така што ќе го активирате квасецот со вода и шеќер. Измешајте брашно и прашок за печиво, додајте маргарин, лимонов сок, активираниот квасец и вода. Кога убаво ќе го замесите сето тоа, расучете го тестото што потенко и богато премачкајте го со фил. Ставете го во млака или оладена рерна, па печете на 180 степени Целзиусови.

ФОТО: pasja1000 / Pixabay