За пејачката Драгана Мирковиќ на големо се зборува поради разводот со долгогодишниот сопруг Тони Бијелиќ.
Драгана истакнува дека отсекогаш била искрена, а тоа е така и сега и вели дека е невозможно да се лажат луѓето четири децении колку што е таа на сцената.
„Не можете вие четириесет години да лажете и да фолирате луѓе. Значи, некоја грешка би ви се лизнала, луѓето би сфатиле дека сум фолирант. Затоа јас сум преискрена. Сама себе си правам и проблем поради својата искреност. Најискрено“ – рече Драгана за хрватскиот портал 24сата.
Поврзани објави
„Кога сте искрени не можете да згрешите. Ако лажете, ќе заборавите кому што сте излажале, а ако сте искрени, не можете да згрешите. Секогаш да се зборува вистината не е проблем, воопшто. Сакала не сакала, јас сум таква. Да се сменам, не можам“ – додава пејачката.
„Моите зборови често се злоупотребуваат. Јас простувам, многу лаги исплакувам…Ме боли кога некој лаже за мене. Се што ме болеше донесе до тоа луѓето да речат дека сум добар човек, дека сум хумана, дека сум цврсто на земја. Никогаш себе не се нареков ѕвезда, дали ми верувате? – истакна Драгана за 24сата.
Драгана неодамна го задеваше својот сè уште легален сопруг додека зборуваше за тоа како материјалните работи никогаш не ѝ биле важни.
„Можете да ме возите во Смарт, можете да ме возите и, еве, во Мајбах, неважно е, јас не сум тој тип воопшто да ми е важно тоа нешто…Зашто се мора да биде гламур, кога може да биде нешто носталгично…Некогаш сите возеа Стоеден, подоцна Југо, Фичо, мене тоа ми е подраго отколку „вау“ автомобил! Никогаш не сум била за тоа. Мојот сопруг сакаше така преку мене да ги покажува своите автомобили, но јас не сум тој тип“, истакна Драгана за 24сата.