Петгодишниот син на раперот Дрејк, малиот Адонис, неодамна му го украде шоуто на неговиот познат татко, појавувајќи се во подкастот Barstool Sports на популарниот блогер Кејлеб Присли. Адонис одговараше на прашања за тоа каков е Дрејк како татко, а неговиот интересен изглед и однесување ги воодушевија присутните.
Тој е смешен татко. Прави многу смешни шеги, коментира, меѓу другото, петгодишното момче.
Но публиката ја интересираше очигледната разлика во физичкиот изглед на таткото и синот – момчето е со светла кожа, со крупни, сини очи и бујна, кадрава, руса коса! Целосна спротивност на Дрејк.
Дрејк го доби Адонис во врска со француската уметничка Софи Брусо, но не ја потврди веста дека има син го 2018 година, кога откри во текстот на една песна.
Музичарот еднаш призна дека не сакал да ѝ открие на јавноста дека има син додека се уверил дека Адонис навистина е негово дете. Тој се посомневал во татковството поради карактеристичниот изглед на ова слатко момче.
Искрено, направив ДНК-тест, но тој беше уништен при транзитот, па ми рекоа дека не можат да бидат 100 проценти сигурни дека е мој син. Бев во чудна ситуација и не сакав да му кажам на светот дека тоа е мојот син, стравувајќи дека можеби не е. Ако го погледнете мојот син, ќе разберете зошто го имав овој став. Тој е неверојатно дете со најсветли сини очи и, едноставно, не знаев дека е мој во тоа време, рече тој во 2019 година.
Дрејк истакна дека подоцна морал да направи уште два ДНК-теста во две различни компании за да ја добие конечната потврда дека Адонис е негов син.
Фото: Профимедија
Инспирирано од: www.ubavinaizdravje.mk