– Цензурата на српски гугл – кога пребарував за Асад и Сирија на англиски, немаше ниеден прозападен извор на првата страница.
– Радио пропагандата ме потсети на времето на Слобо. Контактно прашање: Бела ноќ има во Петроград, Москва или Волгоград?
– На Синеплекс видов дека има посебни претстави на филмови на руски јазик, а рускиот ми изгледаше дека е во употреба како грчкиот во Гевгелија.
– “Београд на води” – кинеско предградие. И во Нов Белград се истакнува Кинески културен центар.
– Цените на горивата до небо, нема човек кој не го пцуе Вучиќ за пљачкање преку руски енергенси.
– Сообраќајот е жив очај, а во 21 век власта склопува сомнителен кинески дил за изградба на метро линија на брдовитиот и нестабилен Белград.
– Во Белград владееше таква депресија, што на враќање Скопје ми изгледаше ко пристоен град.
Големо браво за студентите. Ме јаде јанѕа само тајмингот. Се надевам дека нема да издишат протестите како што издиша квази-отпорот кај нас по Црниот понеделник во 2012, на минусни температури.
И обидот на курирско-информерската пропаганда на Вучиќ за дискредитирање на студентите и протестите со црвени кругови, потсетува на едно мрачно време кај нас.
Да не би да се повтори!
Жарко Трајановски