Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека Русија не го доставила оружјето за кое Ереван платил и дека преговорите се во тек, јави ТАСС.
– Преговорите за решавање на овој проблем се во тек, рече премиерот, додавајќи дека една од можните опции е, во случај оружјето да не биде доставено, тие пари да се сметаат за дел од отплатата на ерменскиот долг кон Русија.
Пашинјан не коментираше за сумата пари или за видот на оружјето што го купила Ерменија.
Односите меѓу Ерменија и Русија се заладија по ерменско-азербејџанскиот конфликт околу граничната територија на Нагорно-Карабах, кој принуди 100. 000 етнички Ерменци да го напуштат регионот.
Ереван ја обвини Москва дека руските мировници не обезбедиле заштита на Ерменците, додека Москва тврди дека Ерменија е единствена виновна за губењето на таа територија. ссм/фото: архива .
Извор: МИА