Четворица Штипјани нападнале полицајци во атарот на манастирот „Воскресение Христово“ во Штип, каде што била пријавена кражба. Во обид за расчистување настанот полицајците биле нападнати, а еден полициски службеник и испукал и предупредувачки истрел во воздух, по што лицата се лишени од слобода.
„Притоа кај местото викано „Елките” полицјаците забележале запрежно возило натоварено со бесправно исечени огревни дрва. При преземањето мерки и активности за расчистување на настанот, полициските службеници биле нападнати од Љ.Д.(45), И.Д.(25), А.Д.(24), Т.Д.(22) и К.Д.(25), кои употребиле и тврди и остри предмети“, се вели во полицискиот билтен. За време на инцидентот полициските службеници се здобиле со повреди, информира МВР.