Пред се треба да се раскине со Преспанскиот договор и со преговорите со Бугарија но тоа да се направи на транспарентен и неполитички и недипломатски начинтуку отсечно затоа што ни наметнаа брутални политики, вели во денешната епизод на Тешки муабети членот на Президиумот на Левица, Реџеп Исмаил.
– Тоа што кај нас го направиле политичарите одговорни на тие функции да бидат казнети.
На ЕУ треба да ѝ се обраќаме за членство директно на институциите во Брисел, а не да се меша тука Бугарија.
Во овој конфликт меѓу Западот и Руската Федераиција не треба да се мешаме, треба да се тргнат санкциите бидејќи има конкретни понуди за соработка и да не им протеруваме дипломати, за почеток. вели Исмаил.