Состојбата со шумските пожари во Албанија покажува значително подобрување, јави Албанската радиотелевизија.
Според најновите официјални податоци од Албанското Министерство за одбрана и Албанската Национална агенција за цивилна заштита (AKMC), до синоќа се регистрирани вкупно седум пожари, од кои четири остануваат активни, додека три други се под строг надзор за да се спречи повторно разгорување.
Во гаснењето на пламените јазици ангажирани се 140 војници од вооружените сили на земјата, поддржани од три хеликоптери и два специјализирани противпожарни авиона „Ер Трактор“.
Албанските власти потврдуваат дека во сите области погодени од пламените јазици, населените места и домовите се целосно надвор од опасност.
Пожарите остануваат активни во планините Дајти во близина на Тирана, во регионот Пук и во реонот на селото Луфај, во близина на градот Бурел.
Пожарите во Националниот парк Лура во округот Дибра (Пешкопеја) на североистокот од земјата и во близина на селото Бруч во северна Албанија се целосно изгаснати.
Од средината на јули, кога почнаа зголемениот број пожари во просек дневно биле регистрирани по околу 30 пожари.
Post Views: 116
Извор : vesnik-ilinden.com
Состојбата со шумските пожари во Албанија покажува значително подобрување