Почетна Убавина и здравјеАЦА ЛУКАС во Скопје со најсофистицираната аудио и видео опрема НА СПЕКТАКУЛАРНИОТ ПРЕД-НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ

АЦА ЛУКАС во Скопје со најсофистицираната аудио и видео опрема НА СПЕКТАКУЛАРНИОТ ПРЕД-НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ

од nenad
1 минути читај за



Најголемата балканска и регионалана ѕвезда Аца Лукас на големо се подготвува за скопскиот спектакл закажан за 25 декември во салата Борис Трајковски. Опремата за концертот веќе е на пат за Македонија, а како што најавуваат од продукцијата задолжена за настанот, Аца Лукас покрај големиот бенд и гостите, најавува и најсофистицирана аудио и видео опрема која ќе го надополни пред-новогодишниот амбиент.

Тој пред македонската публика со својот оркестар ќе ги отпее добро познатите хитови, но ќе ги изведе и новите песни кои секоја недела ги промовира по објавувањето на филмот, а кои се во функција на загревање пред новогдишните празници…

Се радувам на средбата на 25 декември. Да бидам искрен, едвај чекам.. македонската публика секогаш ја доживувам како нешто нај нај. Таа или те сака или не. Имам среќа што сум добредојден тука – изјави Лукас по пресот оддржан во Скопје.


Поврзани објави

Тој во негов стил најави и специјален вип дел за македонските новинари кои беа присутни на прес конференцијата со пијачки како што кажа лично од него… Целиот концерт е замислен како големо загревање за Нова година, а на располагање се вип карти и билети за следење на спектаклот кои веќе можат да се набават преку https://mktickets.mk/event/aca-lukas-skopje/

Познавајќи го Лукас журката на 25 декември во Борис Трајковски ќе биде загарантирана..

 

Фото и текст: ПИАР