Кристијано Роналдо и Георгина Родригез како да ги потврдија шпекулациите дека се венчале тајно
Или Кристијано Роналдо обожава масивен накит или се венчал со својата долгогодишна свршеница Георгина, трето нема. За време на гламурозниот настан за доделувањето фудбалски награди во Дубаи, фудбалерот го покажал огромниот прстен кој единствено може да биде бурма.
Додека ја примал наградата за најдобар фудбалер на сите времиња, 39-годишниот Роналдо во својот говор ја нарекол Георгина „своја сопруга“.
„Големо задоволство е да се освои овој трофеј. Мојот најстар син е тука, мојата сопруга е тука. Таа е мојата најголема поддршка да продолжам да играм. За еден месец полнам 40 години, но уште не сум завршил. Ќе продолжам, бидејќи сакам да освојувам титули, сакам да бидам шампион, сакам да давам уште голови, сакам да се обидам да победам за репрезентацијата…“
Кристијано Роналдо и Георгина се во врска од 2016 година, имаат две биолошки деца, а таа им е и маќеа на децата што ги добил со сурогат-мајки.
Поврзани објави
Ова не е првпат Кристијано да ја нарече Георгина своја сопруга, тоа го има направено неколку пати кога ја споменувал мајката на неговите деца.
На својот јутјуб-канал редовно ја нарекува Георгина „моја сопруга“. Во една пригода додека зборувал за својата утринска рутина, рекол:
„Кога го започнувам денот, пијам кафе. Тоа е мојата рутина… Наутро пијам кафе, разговарам со децата, со сопругата и го започнувам денот“.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @cristiano