Пејачот познат по своите хитови кои ja допираат душа открива дека покрај овие настапи публиката ја очекува и нов албум чија премиера е закажана за јануари.
Музичката ѕвезда Саша Матиќ подготвува незаборавна вечер за својата публика во Македонија.
Неговиот концерт, закажан за 21 декември во престижната Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе биде вистински вовед во спектакуларниот настап во белградската Старк Арена на 8 март 2025 година.
Пејачот познат по своите хитови кои ja допираат душа открива дека покрај овие настапи публиката ја очекува и нов албум чија премиера е закажана за јануари.
Му кажав на мојот тим дека албумот мора да биде совршен, бидејќи мојата публика го заслужува само најдоброто. Кога ќе го слушнете, ќе разберете зошто ме чекате толку долго“– низ насмевка изјави Саша.
Поврзани објави
Неговата публика веќе знае дека од Саша може да очекуваат емоции кои ги исполнуваат салите, песни кои обединуваат генерации и атмосфера која тешко се опишува со зборови.
Јас сум само човек кој ја сака музиката, а вие сте луѓето кои ја прават музиката значајна. Се гледаме во Скопје, а потоа ќе направиме уште поголем спектакл во Белград“ – рече пејачот.
Фото: printskrin Youtube/Blic TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: