Ева туна салатите се идеални кога сте на пат, во брзање или едноставно веднаш сакате вкусен залак риба.
Салатите поминале низ вистинска трансформација и веќе не се само прилог туку ѕвезди на нашите чинии. Богатите, нутритивни салати денес се на врвот на списокот на омилени оброци, а овие вкусни верзии се фаворити на сите кои понекогаш имаат малку време, а сакаат да ја јадат нешто фино, едноставно и хранливо.
Тоа се веќе добро познатите Ева туна салата Mexicana и Mediterana, како и неодоливите Ева туна салати Protein и Balance.
Ако сé уште не сте, уживајте во разновидниот вкус на овие комбинации од туна и зеленчук. Тие се идеален партнер на вашиот активен начин на живот, но и одличен придружник на семејните пикници, излети и годишни одмори. Без готвење и мачење, бидејќи ќе ве заситат, а нема да го создадат она непосакувано чувство на тежина.
Самостоен оброк или додаток на други јадења
- Секој момент е добар за уживање во Ева туна Protein салата. Покрај вкусната туна, во неа има и грашок, сусам, црна леќа и печурки, па затоа освојува на прв залак. Добро ќе „легне“ за ручек на работа, лесна вечера, пред и по учење или тренинг.
- Вистинско освежување во морето салати е и Ева туна салата Balance. Совршено избалансирана комбинација на туна со семки од коноп, хелда и кафен ориз која е веднаш подготвена за уживање, без грижа на совест.
- Ако сакате пикантни вкусови, Ева туна салатата Mexicana е вистински избор за вас. Со туна, црвен грав, пченка, пиперка, морков и неизбежната чили пиперка, оваа салата ги оживува аромите на Мексико на вашата маса. Совршена е за брз и хранлив оброк кога сте во движење.
Поврзани објави
- Eva tuna salata Mediterana е преполна со вкусовите на Медитеранот и носи допир на одмор и лето во практично пакување. Комбинацијата туна со леќа, морков, наут, црвен грав и зелени маслинки дава многу протеини и хранливи состојки.
Ева туна салатите доаѓаат во седум одлични варијанти, истражете ги сите и воодушевете се. Тука се, покрај споменатите Ева туна салати Mexicana, Mediterana, како и Protein и Balance, одличните Ева туна салати Dalmatina, Kus-kus и Crvena kvinoja.
Уживајте во богатите и хранливи залаци преполни со свежина и протеини, а без конзерванси. Дали ќе изберете една или сите, овие салати се здрав и вкусен избор за секој оброк. На здравје!
Ева. Од срцето на морето.
Текст и фото: ПР