Почетна Убавина и здравјеЏорџ Клуни целосно се трансформира, нема ни трага заводникот што го знаевме (ФОТО)

Џорџ Клуни целосно се трансформира, нема ни трага заводникот што го знаевме (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Џорџ Клуни не престанува да шокира со својот изглед, откако ја бојадиса косата, време беше за целосна промена на имиџот.

Познатиот холивудски заводник Џорџ Клуни неодамна ги шокира сите кога ја обои својата препознатлива коса во темна боја. Актерот откри дека тоа било за потребите на улогата во театарот, а зборуваше и за тоа како неговите најблиски пријатели ја доживеале промената.

И додека некако се навикнавме на фарбаната коса, Клуни нè изненади со уште една промена.

Имено, тој се појави заедно со Џулија Робертс пред театарот Winter Garden и во таа пригода беше фотографиран од папараците.


Поврзани објави

Покрај фарбаната коса, Клуни целосно го сменил стилот, па има залижана фризура и темни очила, а многумина го опишаа како италијански мафијаш.

Иако на почетокот сите мислеа дека актерот западнал во криза на средните години и сака да ја фарба косата, тој ја објасни причината, сепак оваа промена не дава надеж дека Клуни ќе си го врати стариот изглед.

Луѓето се малку разочарани во коментарите и веруваат дека Џорџ претходно изгледал многу помладо, а овој стил воопшто не му одговара, па дури и го прави да изгледа постар отколку што е.

Што мислите вие?