Почетна Убавина и здравјеСет производи од „Есенса“ – Убавина и здравје

Сет производи од „Есенса“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи.

„Есенса“ во рамките на ноемвриската „У&З-лавина од подароци“, објавена во актуелниот број на „Убавина и здравје“, подарува сет од 3 производи: Antartic Omega krill, Esenbak direct и Propomint brslen oribleti.

Навлезете длабоко во светот на здравјето со  Antarctic Omega Krill!  Оваа малечка капсула носи многу здравје во себе, а препорачаната дневна доза е една до две капсули во тек или непосредно по оброкот.

Propomint Бршлен ориблетите се формулирани врз база на екстракт од лист од сув бршлен, прополис, матичен млеч, витамин Ц и хијалуронска киселина.

Активните состојки на Propomint Бршлен ориблетите ја обложуваат слузокожата на усната празнина и создаваат заштитна бариера. Исто така придонесуваат за правилна функција на имунолошкиот систем и зајакнување на одбрамбените способности на организмот. Propomint Бршлен ориблетите имаат пријатен вкус, збогатен со ароми на нане и портокал.


Поврзани објави

EsenBak Probiotik Direct содржи бифидобактерии и лактобацили, најзначајни пробиотски бактерии во цревата, чија примена е индицирана во состојби која рамнотежата на цревната флора е нарушена. Погоден е за примена како при дијареа или затвор, така и превентивно заедно со терапија со антибиотици или после примена на истите.

Произведен е со специјална, патентирана технологија која обезбедува исклучителна стабилност на 20 милијарди вијабилни бактерии по доза, со што се остварува силно дејство и максимална ефикасност на производот со цел колонизација на цревниот тракт со “добри” бактерии и заштита од „лоши”, патогени бактерии.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во декември.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција со приложување лична карта. Исто така, важно е да напоменеме дека учесниците во лавината од подароци мора да бидат полнолетни лица!

Читајте нè! Забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР