Едвај чека четврти пат да се оствари во улогата на татко и насекаде гордо го покажува својот труднички стомак
Меган Фокс го прошетала својот труднички стомак на улиците во Лос Анџелес и го привлекла сето внимание со изборот на гардероба за оваа пригода. Холивудската убавица очигледно го прифатила трендот на славни трудници што одбираат провокативна облека и им пркосат на застарените труднички модни правила.
Да се потсетиме, Ријана, Адријана Лима, па дури и Марго Роби се само некои од познатите дами што редовно облекуваа провокативни парчиња за време на бременоста, гордо покажувајќи го својот стомак.
Па така, Меган Фокс овој пат се појавила во можеби најголемиот тренд на сезоната, појавувајќи се во бордо боја од глава до петици. Сепак, бојата на нејзината модна комбинација не е таа што привлекла најголемо внимание, туку нејзиниот провокативен печат.
Имено, убавата актерка гордо го покажала својот зголемен труднички стомак во потполно проѕирен фустан под кој јасно ѝ се наѕирале и градникот и танга-гаќичките.
Поврзани објави
Меган го направила ова издание помалку вулгарно со модерниот кожен мантил во истата бургунди нијанса, а сето тоа го заокружила со црни лакирани влечки на високи потпетици. Многу смело и ексцентрично издание, особено поради фактот што актерката веќе е во шестиот месец од бременоста.
Славната 38-годишна актерка неодамна ги сподели среќните вести за својата бременост со светот, на 11 ноември на Инстаграм, преку фотографија на која позира потполно гола, покриена само со црна боја. Покрај, тоа објави и фотографија од позитивниот тест за бременост, заедно со коментарот:
„Никогаш ништо не е навистина изгубено. Добредојде назад.“
Ова е првото дете на Меган Фокс и нејзиниот избраник, раперот Машин Ган Кели, со кого повеќепати раскинуваше и се смируваше. Актерката веќе има три сина со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин, Ноа (11), Боди (6) и Џурни (7).
„Тоа што сум мајка е мојата најголема гордост и радост“, рекла Меган во едно од своите неодамнешни интервјуа, додавајќи дека со нетрпение го очекува доаѓањето на бебето со Машин Ган.
Погледнете го нејзиното бордо модно издание ТУКА.