Почетна МакедонијаИЈЗ Отвори телефонска линија за одвикнување од цигари

ИЈЗ Отвори телефонска линија за одвикнување од цигари

од nenad
1 минути читај за




Институтот за јавно здравје отвори телефонска линија, на која стручни лица ќе нудат совети и стратегии за успешно одвикнување од цигари. Институтот за јавно здравје започнува телефонска линија за советување, со цел да Ве поддржи во Вашиот процес на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица ќе Ви понудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето – се вели во соопштението. Телефонскиот број 078 285 873 ќе биде достапен секој понеделник и среда од 11:00 до 13:00 часот.