Почетна ТехнологијаСДСМ: Од наводен коректор на политиките на Владата, ЗНАМ се претвори во гума за бришење 

СДСМ: Од наводен коректор на политиките на Владата, ЗНАМ се претвори во гума за бришење 

од nenad
1 минути читај за




Денешната прес конференција на министерот за јавна администрација од редовите на ЗНАМ, Горан Минчев потврди дека и тој и неговата партија се безгласна буква во кабинетот на Мицкоски. Минчев потврди дека како прв човек задолжен за реформите во јавната администрација не е дел од владината работна група, која треба да понуди ново решение по укинувањето на балансерот, со одлука на Уставниот суд. 

Минчев потврди дека ЗНАМ е никој и ништо во Владата на Мицкоски.  Минчев потврди дека оваа Влада нема своја автентична политика.Но Минчев потврди дека политиките на Владата на СДСМ не само што биле испрацни, туку и го трасирале вистинаниот реформски пат, според европските стандарди. Реформата на јавната администрација ќе се одвива според Страрегијата 2023-2030 и акцискиот план донесени од Владата на СДСМ.