Почетна Убавина и здравјеПочивај во мир Зоки Фаци! – Убавина и здравје

Почивај во мир Зоки Фаци! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Почетокот на ноември го обележи тажна вест за македонската естрада – по долга борба со ракот, почина естрадниот новинар и водител Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци.

Зоки Фаци со карциномот првпат се соочи во 2022 година, кога му беше дијагностициран и му беше направена операција, но, за жал, подмолната болест му се врати по една година во многу поагресивна форма.

И покрај тоа што Зоки замина на операција во Турција заради отстранување на туморот во главата, не беше опериран бидејќи оттаму доби лоши вести – канцерот е проширен на коските и во таков случај не се оперира.

Зоки беше еден исклучително специфичен пример во македонското новинарство за естрадата и забавата. Особено зашто долги години создаваше ѕвезди и од тие кои никогаш не би можеле да замислат да ги има и на објава на социјална мрежа, па камо ли на медиуми. Можевме да се согласуваме со Зоки – или воопшто да не го поддржуваме во многу од неговите потфати и кариерни дострели, но, фактот дека човекот придонесе многу за одржувањето на естрадата кај нас преку медиумски пристапи, па макар држејќи ја и на стаклени нозе, е неспорно, и токму поради таквата креативност тој и ќе ѝ недостасува на оваа земја, од поглед на шоубизнисот и новинарството, воопшто.

Приватно, Зоки едноставно, постојано беше оптимистичен и насмеан, дури и кога го туркаа до работ на општествените случувања. Не сме се согласувале секогаш, сме се препирале за некои нешта, но, тоа беше за позитивно ценење на комуникација, зашто така се развиваат креативните нешта.

Почивај во мир, Зоки. Допрва ќе недостасува твојата умешност на естрадата и во шоубизнисот“, напиша неговиот колега, Огнен Јанески на социјалните мрежи.

Македонската естрада преку социјалните мрежи се збогува со својот колега и пријател Зоки Фаци.

И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум тука, далеку физички од тебе. Но, ти знаеше дека иако далеку, бев до тебе и со тебе секој миг.
Не можам да поверувам дека те нема повеќе на овој земјен свет. Дека нема веќе кој да ми вика Цууц, Деспино и да се смееме без причина. Многу, премногу ќе ми фалиш Зочко мој. Што и да напишам и раскажам ќе биде премалку за сите овие години поминати со тебе. Почивај во мир. Те сака твојата најдобра другарка Хеленка“, порача блиската пријателка на новинарот, бившата водителка Хелена Роза.

Зоран Василевски беше дел од новинарските тимови на едни од најзначајните медиуми кои се појавува и гаснеа во Македонија. Од печатеното издание на мегатиражниот дневен весник „Вест“, во чија забавна редакција работеше, преку А1 ТВ и првото дневно естрадношоу во вид на куси вести „Ексклузив“, потоа нивниот естраден магазин „Крема“, сопственото ТВ шоу „Фаци“ по кое го доби и прекарот, па сè до 1 ТВ на Бојан Јовановски и порталот „Либертас“ за кој пишуваше, како и заедничката соработка со Лазаров во неговиот поткаст.


Поврзани објави

Зоки Фаци до последен момент го држеше вербата и надежта дека ќе успее да ја победи болеста, но за жал ја изгуби битката.

Погребот ќе биде в недела во 12:00 часот во црквата Св. Никола во Катланово, а во 13:00 часот ќе биде погребан на гробиштата во Катланово.

Почивај во мир, Зоки!

Фото: Инстаграм