Почетна МакедонијаЕВРОПА ЌЕ ЈА ПЛАТИ ЦЕНАТА Трамп најави високи царини за ЕУ ако стане претседател

ЕВРОПА ЌЕ ЈА ПЛАТИ ЦЕНАТА Трамп најави високи царини за ЕУ ако стане претседател

од nenad
1 минути читај за




Републиканскиот кандидат планира да воведе 10 отсто царина на увозот од сите земји и 60 отсто царина на увозот од Кина. Тој истакна дека европејците не ги купуваат американските автомобили, а продаваат милиони свои автомобили во САД. Кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп изјави дека доколку победи на изборите на 5 ноември Европската Унија ќе треба да „плати висока цена“ поради тоа што не купува доволно американски стоки.

– Видете што ќе ви кажам: Европска Унија звучи прекрасно, нели? Сите убави мали европски држави собрани заедно – рече тој на митинг во Пенсилванија, најавувајќи дека ќе воведе „Закон на Трамп за реципрочна трговија“. Трамп продолжи и рече дека европејците не ги купуваат американските автомобили, а продаваат милиони свои автомобили во САД.

– Не, не, не, тие ќе мораат да платат висока цена – истакна Трамп. Републиканскиот кандидат планира да воведе 10 отсто царина на увозот од сите земји и 60 отсто царина на увозот од Кина. Ова би можело да предизвика глобални трговски реакции и зголемени трошоци, предупредуваат економистите.