Почетна Убавина и здравјеОколу него луксуз, а тој живее скромно – Убавина и здравје

Околу него луксуз, а тој живее скромно – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Уште еден доказ за скромноста на вредните Јапонци

Богатиот токиски архитект Такеши Осака направил нешто многу својствено за Јапонците – создал чудо. Тој среде вревата во Токио, успеал да си направи вистинска мала оаза, опкружена со десеткатници, која му гарантира приватност и мир.

„Ми беше предизвик да создадам нешто специјално, како на пример функционални 19 квадрати, во кои ќе можеме да живееме јас и сопругата“, изјавил Осака покажувајќи го своето ремек-дело, малата куќичка.

Изградена на само 31 метар квадратен во централниот округ Бункио во Токио, оваа градба е необична според сите параметри. Таа има доволно светлина, приватност и уникатност.

Осака и неговата сопруга во нивниот мал дом можат да уживаат во функционална и модерна кујна, да се занимаваат со своето хоби и да живеат со полни гради во центарот на најдинамичниот град во светот.


Поврзани објави

Интересно е што нивната дневна соба излегува директно на шеталиште. Такеши има навика да си земе столче и да седне пред својата куќа, додека луѓето минуваат покрај него.

Погледнете како изгледа овој неверојатен дом во видеото во продолжение…

ФОТО: Принтскрин Јутјуб