Гледањето содржини на голем екран е незаменливо искуство главно од две причини: го добивате чувството дека го гледате омилениот филм во кино и сето тоа од удобноста на вашиот дом. И ако тука ја додадеме неспоредливата јасност и длабочина на сликата, како и најнапредните вградени технологии за вештачка интелигенција кои го подобруваат квалитетот на приказот и звукот кај новите модели на Samsung телевизорите со голем екран од 98 инчи (249 см), тогаш магијата е загарантирана – без разлика дали гледате филм, новата серија, спортски натпревар или играте игри.
Ако веќе се прашувате кој голем телевизор да го одберете за во вашата дневна соба, Samsung го има вистинскиот одговор за Вас. Прочитајте подолу кои се моделите на телевизори со димензија која ја посакувате и зошто ќе ве импресионираат како никој друг телевизор до сега.
Neo QLED 4K QN90D (2024)
За вистинските љубители на кино искуството во домот наменет е огромниот Neo QLED 4K QN90D со величина од фантастични 98 инчи за да воодушевувањето биде уште поголемо. Специјалната функција SuperSize Picture Enhancer со помош на ВИ дополнително ја подобрува сликата и ја приспособува за супер-големите екрани, додека NQ4 AI Gen2 процесорот ги оптимизира сликата и звукот и овозможува да ја почувствувате целосната моќ на вештачката интелигенција во 4К.
Технологијата Quantum Matrix на овој врвен телевизор овозможува прецизна ултра фина контрола на светлината, која совршено ги истакнува сите детали во светлите сцени, како и во помрачните, за кои дополнително тука е и HDR оптимизацијата за подобрени приспособувања на осветлувања и бои.
Новиот Neo QLED 4K QN90D ито така ја има функцијата Auto HRD Remastering благодарение на која SDR содржините сега ќе можете да ги гледате со квалитет на слика како во HRD со посветли истакнувања, поживописни бои и појасни детали. Звукот ќе го слушате во највтентичната оригинална форма со аудио AI обработка и surround звук искуство од следното ниво со Dolby Atmos нагоре насочени звучници.
Функцијата 4K AI скалирање, технологија напојувана од 20 AI невронски мрежи ќе ја трансформира секоја содржина во речиси 4К резолуција, со приказ на бои потврдени од Pantone.
Исто така, да не ги заборавиме гејмерите, на кои можноста да ја прилагодат длаочината на сцените и исклучителната стапка на освежување од 144 Hz ќе им овозможат да можат да стекнат мала предност пред ривалите, додека истовремено уживаат во игрите како што доликува за 2024 година.
Crystal UHD DU9000 (2024)
Маестралниот big inch телевизор Samsung Crystal UHD DU9000, кој исто така се издвојува како совршен за секој филмски ентузијаста, спортски љубител или искусен профи гејмер.
Со својот масивен ТВ-екран од 98 инчи (249 см) и функцијата Supersize Picture Enhancer која користи вештачка интелигенција за обработка на слики во реално време и за која било визуелна содрина, тој нуди извонредно доживување при гледањето што целосно ќе ве внесе во светот кој го гледате на екранот, благодарение на Crystal UHD технологијата која обезбедува живописни, реални бои и јасни детали за вистинско уживање во седмата уметност.
Кристалниот процесор 4К кај овој телевизор дозволува да се истакнат вистинските бои во сериите, филмовите и сите други содржини кои ги гледате, благодарение на моќната технологија на скалирање обезбедувајќи 4К резолуција. Штом зборуваме за боите, функцијата PurColor ќе ја испродуцира содржината што ја гледате во огромен спектар на живописни бои за оптимален перформанс и реалистичко гледачко искуство.
А згора на тоа, Contrast Enhancer функцијата динамично го приспособува контрастот и дава вистинско чувство на длабочина и боја. Звукот е совршено реален додека го следи дејството, а со помош на аудиосценската интелигенција, тој се прилагодува кон содржината која е на екранот.
QLED 4K Q80C
Поврзани објави
Овој телевизор припаѓа на минатогодишните модели. QLED 4K Q80C со голем екран од 249 сантиметри (98 инчи) поседува исклучителен контраст на живописни сцени на екранот, постигнат благодарение на револуционерната технологија Quantum HDR+, која обезбедува неверојатно искуство. Неверојатниот SuperSlim дизајн е совршена мешавина од врвна елеганција, модерен минимализам и футуристички изглед за кој секој дом сонува, и токму од нив ќе извира забавата од која никогаш нема да ви биде доста.
Neutral Quantum 4K процесорот со напредна вештачка интелигенција ќе ги подобри на сликите со низок квалитет, а интелигентниот режим за удобност на очите, ќе ја прилагодат на начин така што ќе биде пријатна за повеќечасовно гледање во екранот без заморување.
Лудилото од бои кои ќе ги гледате на екранот е резултат на Quantum Dot технологијата со која ќе се изненадите од приказот на милијарда нијанси на автентични бои, сертифицирани од PANTONE, преточени во неверојатно живописни слики. Што се однесува до звукот, ќе бидете опкружени со тродимензионална прецизност, создавајќи длабочина и атмосфера што целосно ќе ве потопува во светот на филмовите, музиката и игрите.
Виртуелниот звук што ја придружува акцијата со технологијата OTS Lite ќе ја подобри вашата забава. Звукот ќе се синхронизира со случувањата на екранот, давајќи ви автентично и импресивно аудио искуство. Секој звук, од тивок дијалог до експлозивни акциони сцени, ќе биде јасен, детален и извонреден.
Зошто Samsung телевизор?
Ако се прашувате зошто да одберете токму Samsung TV AI, одговорот е следиот: Затоа што е признаен како број 1 бренд на телевизори веќе 18 години по ред и шестократен добитник на CES награди за иновации. Покрај тоа, производителот веќе долго време успешно ја гради приказната за Samsung екосистемот во вашиот дом, олеснувајќи ви многу активности во секојдневието и овозможувајќи ви да уживате во благодетите на модерното живеење.
Благодарение на апликацијата SmartThings, можете со вашиот телевизор да управувате од телефонот, или пак на големиот ТВ екран да ги следите поврзаните уреди преку едноставно праќање на известување на вашиот паметниот телефон. Оваа инсталација без напор се применува на сите уреди на Samsung во домот, како и на апарати и IoT уреди од трети страни, благодарение на компатибилноста со Matter.
Дополнително, одржливоста и грижата за животната средина секогаш има особено важно место во приоритетите на Samsung и овој пат кажете им збогум на батериите за полнење на далечинскиот управувач SolarCell за вашиот Samsung телевизор и оставете го да се полни со дневна и сончева светлина.
Како и секогаш, безбедноста е на прво место со Samsung Knox. Секоја функција, апликација и платформа има силна заштита за да го задржи вашето поврзано искуство приватно и безбедно, за што Samsung го доби Сертификатот за општи критериуми (СС) за линијата телевизори за 2024 година.
Повеќе за ТВ-уредите од овој текст прочитајте на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/qn90d-98-inch-neo-qled-4k-tizen-os-smart-tv-qe98qn90datxxh/
https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/q80c-98-inch-qled-4k-smart-tv-qe98q80catxxh/
Текст и фото: ПР