Пејачката Слаѓа Делибашиќ (55) се смета себеси за најдобра „риба“ на сцената, а како што вели – таа титула ѝ прија.
Имено, таа неодамна истакна дека не направила ништо на себе.
„Имам 55 години и сум најдобрата риба на естрадата! Навистина ми се допаѓа таа ласкава титула, која ја добивам секоја година. Ништо немам направено на себе, а замислете каква би била кога би направила. Јас навистина немам ништо против естетските корекции – вели Слаѓа и продолжува:
Поврзани објави
„Би сакала моите колешки да застанат на линија, да се соблечат и да се споредат, иако најдобро би било да има жири кое ќе го оценува нашиот изглед. Не знам која пејачка би можела да ми парира во таа смисла! Имам огледало, свесна сум за себе и за своите квалитети, иако верувам дека најважната убавина е однатре. Важно е да си чесен, да не си предавник и да не изневеруваш, а јас сум само таква“, рече Слаѓа.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/sladjadelibasic/