Почетна Убавина и здравје5 трикови за нанесување црвен кармин – Убавина и здравје

5 трикови за нанесување црвен кармин – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ако обожавате огненоцрвени усни, време е да ги научите шминкерските трикови за уреден изглед

Ако постои една нијанса на кармин што магично успева да ја подигне самодовербата и да го осветли лицето, тоа, несомнено, е црвената! Темни, светли, мат или сјајни, сите црвени кармини секогаш успеваат да создадат незаборавен ефект. Но многу жени го одбегнуваат, мислејќи дека изискува посебни вештини на шминкање за да изгледа совршено во текот на целиот ден. Напротив, црвените усни се најлесниот и најбрзиот начин да изгледате средено и модерно.

Како да ја пронајдете совршената нијанса?

Одговорот лежи во тонот на кожата. На жените со топли тонови им ласкаат црвени кармини на база на портокал, додека на жените со ладни тонови им прилегаат оние со сини нијанси.

Почнете од базата

Пред да нанесете кармин, погрижете се усните да бидат длабински хидрирани, особено ако сте одбрале мат-композиција. Производите за пилинг ќе ги отстранат сите суви лушпички, додека балсамот ги негува и хидрира усните.

Одберете ја вистинската композиција


Поврзани објави

Црвениот кармин мора да го приспособите и на временските услови. Сјајниот кармин е забранет на ветровити денови, бидејќи перчињата коса може да се залепат за усните. Ако имате суви усни, подобро е да не користите стабилни, мат-формули, кои само ќе го влошат проблемот.

Совршена апликација

Најпопуларниот трик за беспрекорна форма на усните е да се усогласи карминот со моливче во потполно истата нијанса. Алтернативно, добрата четкичка ќе ви овозможи прецизно да го нанесете карминот на контурите. Ако ви се извади бојата, стапчето на коректорот ќе послужи како гумичка.

Трајноста на бојата е исклучително важна!

Внатрешноста на усните е она што го користиме кога пиеме или бакнуваме некого, поради што карминот прво го снемува од ова подрачје. За дополнителна покривност и подолга трајност на карминот, нанесете втор слој само на внатрешниот дел од усните.

ФОТО: Virginia Berbece / Unsplash