Почетна Убавина и здравје4 хороскопски знаци ќе почнат да доживуваат неверојатни промени од ОВОЈ датум – Убавина и здравје

4 хороскопски знаци ќе почнат да доживуваат неверојатни промени од ОВОЈ датум – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Еве што можете да направите деновите околу полната месечина

Полната месечина во знакот терезија пристигнува на 13 април и носи кулминација на сето она што долго се таложело – во срцето, во мислите и во односите. Нејзиното влијание ќе се чувствува наредниве две недели, а најмногу ќе го почувствуваат терезиите, раковите, јарците и овните.

Полната месечина во терезија ќе остави силен печат на 4 хороскопски знаци. Овој астролошки настан симболизира крај на еден животен циклус, но и почеток на нешто ново – поздраво, поискрено и во согласност со она што навистина го сакаме. Фокусот е на љубовта, односите и балансот.

Имено, знакот терезија носи баланс, правда, хармонија и дипломатија, па не е ни чудо што многумина токму сега ќе ги преиспитуваат своите врски, без разлика дали се романтични, пријателски или професионални.

Ова е момент на вистината за сите односи се на стаклени нозе. Некои односи ќе се зацврстат, ќе зајакнат и ќе добијат нова длабочина. А некои ќе бидат прекинати – и тоа, не затоа што се лоши, туку затоа што веќе не функционираат како што треба.

Полната месечина носи потреба за мир, но ако балансот е нарушен во некој аспект од животот, може да дојде до тензија. Затоа, важно е да се слушате себеси и да поставите, јасни, здрави граници – бидејќи рамнотежата започнува токму од нас самите.


Поврзани објави

Што можете да направите во овој период?

Ова е идеално време да застанете, да земете здив и да погледнете длабоко во себе. Полната месечина нè потсетува дека во ред е да се ослободиме од она што веќе не нè исполнува.

Еве неколку работи што можете да ги направите деновите околу полната месечина…

  • Водете дневник и запишете што ве оптоварува – и што сакате да промените.
  • Медитирајте и поврзете се со себе.
  • Водете нежни и искрени разговори со партнерот или блиските луѓе.
  • Прочистите го вашиот простор – и физички и енергетски.
  • Не заборавајте да се наспиете. Полната месечина знае да покрене сè, па дури и нервоза.

Полната месечина во терезија нè подучува да не трпиме, да не молчиме и да одбираме односи што нè хранат, а не кои не трошат. Искористете ја оваа енергија за да ставите точка таму каде што треба и да започнете ново поглавје со повеќе љубов кон себе.

ФОТО: Ganapathy Kumar / Unsplash