Почетна Убавина и здравје15-минутните овации ја расплакале Пенелопе Круз – Убавина и здравје

15-минутните овации ја расплакале Пенелопе Круз – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Публиката го наградила филмот со овации кои траеле 15 и пол минути – вториот најдолг аплауз во историјата на фестивалот

Филмот „Bunker“ на Флоријан Зелер премиерно беше прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција. Главниот актерски пар, Пенелопе Круз и Хавиер Бардем, бил видно трогнат од реакциите на публиката по проекцијата, а славната Шпанка била особено емотивна – дури и заплакала.

Пенелопе Круз на Филмскиот фестивал во Венеција блеснала во црвен фустан од „Шанел“, кој засега важи за едно од највпечатливите модни изданија на годинешниот црвен килим.

По модното дефиле следела проекцијата на филмот „Bunker“, која публиката ја наградила со овации во траење од неверојатни 15 и пол минути. Тоа е вториот најдолг аплауз со кој некое филмско остварување било поздравено во Венеција. Рекордот од 17 минути го држи филмот „The Room Next Door“ на Педро Алмодовар.

За време на годинешниот фестивал во Кан, долгите овации по проекциите предизвикале и негативни реакции, бидејќи станале речиси вообичаена појава, а дел од критичарите сметаат дека не ја одразуваат реалната реакција на публиката.

Но, синoќешните овации во Венеција ја довеле Пенелопе Круз до солзи. Додека актерката плачела, нејзиниот сопруг, актерот Хавиер Бардем, ја прегрнал и ја бакнал, што предизвикало бројни реакции и коментари на социјалните мрежи.

Актерката ѝ се заблагодарила на публиката и ѝ мавтала додека ја напуштала салата. Овациите биле особено значајни и за Пол Дејно и Патрик Шварценегер, кои исто така играат во „Bunker“.


Поврзани објави

Остварувањето на Флоријан Зелер е во трка за Златниот лав, а критиките се поделени. Додека едни го фалат филмот, други сметаат дека е премногу метафоричен и површен во споредба со неговото претходно ремек-дело „The Father“. Сепак, сите се согласуваат дека Пенелопе Круз и Хавиер Бардем се извонредни и дека го извлекуваат максимумот од своите улоги.

Бункерот како симбол на брачното отуѓување

Приказната го следи Мигел (Хавиер Бардем) и Софија (Пенелопе Круз), успешен шпански брачен пар кој веќе 17 години живее во Лондон со своите две ќерки. Тој е наградуван архитект, а таа е уредничка на книги.

Заплетот започнува кога Мигел прифаќа контроверзен и исклучително профитабилен проект – изградба на ултралуксузен подземен бункер за преживување во случај на катаклизма, наменет за ексцентричен технолошки милијардер.

Како што проектот напредува, така почнуваат да се појавуваат и длабоки пукнатини во нивниот навидум совршен брак. Софија почнува да ги преиспитува моралните вредности на својот сопруг, но и самата суштина на нивната врска. Физичката изолација на бункерот станува метафора за нивното меѓусебно емоционално отуѓување, пишува „The Guardian“.

Преку овој филм, Зелер не ја истражува само брачната криза, туку го користи бункерот и како симбол на современите општествени стравови – еколошките закани, екстремната економска нееднаквост, индивидуализмот и постпандемиската изолација.