Table of Contents
Ако сакате да изградите безвременски стил во 50-тите години, разгледајте ги овие 10 правила кои никогаш не излегуваат од мода
За дамите во 50-тите години, клучно е да ја пронајдат вистинската рамнотежа меѓу елегантниот стил и суптилните модни детали кои ќе ја нагласат нивната уникатност.
Еве неколку совети за модни детали кои можат да придонесат за помладешки и поатрактивен изглед…
Едноставни парчиња накит
Наместо натрупан накит, одбирајте едноставни парчиња, како елегантни ѓердани, помали обетки или дискретни белегзии. Минималистичкиот накит може да ја нагласи вашата префинетост, без да изгледа нападно.
Квалитетни чанти
Квалитетната чанта остава елегантен и модерен печат. Одбирајте неутрални бои или едноставна и класична чанта, која лесно се вклопува во разни модни комбинации.
Неутрални тонови
Кога одбирате облека, одбирајте неутрални тонови, како бело, беж, сиво и црно. Овие тонови се класични, но и модерни, па создаваат елегантен изглед.
Впечатливи обувки
Наместо да се фокусирате на специјални парчиња облека, пожелно е тие да бидат поедноставни. Она што ќе му даде автентична и младешка нота на вашиот стајлинг се чевлите во боја со интересни детали. Тоа е она кога чевлите ќе го украдат шоуто!
Облека од квалитетен материјал
Поврзани објави
Квалитетните ткаенини како свила, кашмир или памук, не само што даваат удобност, туку и му даваат софистицираност на вашиот изглед. Одбегнувајте премногу светкави материјали и одберете такви што ѝ ласкаат на вашата става.
Шешири и шапки
Елегантниот шешир може да ви даде доза на префинетост и да ве заштити од сонцето, но и од студот. Одбирајте класични облици што лесно ќе се приспособат на вашиот стил. Шеширот дава отмен печат.
Суптилни детали
Ако сакате детали на облеката, одбирајте такви што се суптилни и елегантни. Цветните детали или линии може да бидат одличен избор. Исто така, автентичниот ремен, беретка или брош се добар избор, но внимавајте да не претерате и одржете баланс.
Квалитетна облека со добар крој
Квалитетната облека со вистинскиот крој може да направи чуда. Одбирајте парчиња што ја следат линијата на вашето тело, кои ќе ви ги сокријат недостатоците, а ќе го истакнат она што треба да дојде до израз.
Очила за сонце
Квалитетните очила за сонце не само што овозможуваат заштита од сонцето, туку можат да изгледаат и многу стилски. Одберете форма што му ласка на обликот на вашето лице и бои кои му прилегаат на тонот на вашата кожа.
Самодоверба
Најважниот моден детаљ што можете да го носите е самодовербата. Без оглед на одбраните парчиња, ако се чувствувате добро во врска со вашиот изглед, тоа ќе се одрази на вашата појава и ќе ве направи попривлечни и помлади.
Паметниот избор на модни детали може да им помогне на дамите повозрасни од 50 години да се чувствуваат и да изгледаат одлично, а притоа да ја задржат својата автентичност.