Почетна ТехнологијаЌе треба да отпуштаме вработени и да затвораме маркети – МАКТЕЛ

Ќе треба да отпуштаме вработени и да затвораме маркети – МАКТЕЛ

од nenad
3 минути читај за

„Штетите ќе бидат големи, бидејќи во прашање се доведува опстојувањето на 86 трговски фирми, со 790 продавници и 4700 вработени“, соопшти новоформираната Стопанска комора на трговци на големо и мало.  Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун побара средба со Владата на која ќе се разговара за одлуката за ограничување на маржите до 30 април, со опфаќање на основните прехранбени продукти, детергентите и бебешката храна. Компаниите членки на новата Комора сметаат дека со оваа одлука ќе биде доведен во прашање опстанокот на компаниите, како и дека ќе мора да отпуштаат вработени, да го реструктурираат работењето и да затвораат маркети. Тие бараат да се контролираат не само нивните, туку и маржите на производителите и добавувачите.