Марио е уапсен по потерница на Интерпол…
Во елитниот дел на Белград е уапсен вереникот на пејачката Милица Тодоровиќ, Марио Б. Според пишувањата на медиумите, тој ќе биде однесен на распит во Вишиот суд.
Марио е уапсен по потерница на Интерпол и дал изјава во полициската станица 29-ти ноември. Според пишувањата на медиумите, тој сега ќе биде изведен пред Вишиот суд каде ќе биде сослушан.
Да потсетиме, Милица Тодоровиќ неодамна влезе во емотивна врска со Марио, кој често доаѓаше во српската престолнина по неа.
Марио е луд по неа, а таа по него. Се најдоа и ми се чини дека оваа врска на крајот ќе се претвори во нешто реално. Што повеќе да ви кажам кога се пресели во Белград да живее поради неа. Не буквално, но не излегува од српската престолнина. Овде одлично се забавуваат, Милица ги запознала сите негови пријатели, а тој нејзините. Не се разделуваат, нон стоп е со неа во нејзиниот стан“ – изјави своевремено извор за регионалните медиуми.
Поврзани објави
ПР тимот на популарната пејачка се огласи во врска со овој настан.
Не сум се слушнала со Милица, ќе и се јавам подоцна и ќе дознаам што се случило. Не знам дали е вистина или не во овој момент, но таа нема да коментира. И во двата случаи Милица ќе остане без коментар за оваа ситуација“ – изјави нејзината најблиска соработничка Бобана Живановиќ.
Фото: printskrin Youtube/ UNA televizija
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: