Почетна Убавина и здравје„Ќе те сакам до крајот на светот“ – Тамара Тодевска со песна што крие болна љубовна приказна! Многумина се препознаа, кој е вашиот коментар? (ВИДЕО)

„Ќе те сакам до крајот на светот“ – Тамара Тодевска со песна што крие болна љубовна приказна! Многумина се препознаа, кој е вашиот коментар? (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за



Новата песна од „Кукла жива“ носи порака за љубов во која се дало сè, но доаѓа момент кога човек мора да прифати дека не секоја врска може да се спаси.

Тамара Тодевска продолжува да ја открива приказната од „Кукла жива“, а овојпат вниманието го привлекува песната „До крајот на светот“. Насловот звучи како големо љубовно ветување, но зад стиховите се крие многу посложена емоција – љубов која опстојува дури и кога односот веќе не може да се врати на старото.

Песната ја допира онаа позната граница меѓу љубовта и разочарувањето. Понекогаш човек може да даде сè од себе, да остане до последниот момент и сепак да сфати дека чувствата сами по себе не се доволни за една врска да продолжи.

Автори на песната се Коста Петров и Тамара Тодевска, а „До крајот на светот“ е дел од нејзиниот нов албум „Кукла жива“, објавен на 3 септември. Проектот содржи десет песни и десет визуелни приказни, со кои Тамара постепено открива различни делови од својата музичка и емотивна приказна.


Поврзани објави

Новата песна веќе е достапна на музичките платформи, а со неа Тамара продолжува да го гради светот на „Кукла жива“ – проект во кој љубовта, разделбите, спомените и личните пресврти се претвораат во музика.

printskrin youtube