Тажните детали од животот на Кијану Ривс никого не го оставаат рамнодушен
Славниот актер Кијану Ривс е еден од најголемите хуманитарци во Холивуд, а неговиот животен пат бил трнлив.
Преживеал страшни трагедии, животни удари и ситуации што навистина го кршат срцето, но тоа не го спречило да стане човек каков што е денес.
Голем дел од својата заработка ја донира во хуманитарни цели, им помага на бездомници и воопшто не се однесува како позната личност. Токму затоа, сите го сакаат, но се чини дека животот не му возвратил со иста мера.
Тој е син на дизајнерката и танчарка Патриша Тејлор и на вечно отсутниот татко геолог Самјуел Ривс, кој на крајот завршил во затвор.
Кога Кијану имал три години, Самјуел ги напуштил, а Патриша, инаку од Есекс, почнала да ги сели децата – прво на Хаваи, потоа во Австралија и Њујорк, за на крајот да се стабилизираат во Канада. Самјуел подоцна завршил во затвор поради трговија со опијати, а растењето без татко отсекогаш му била болна тема на актерот.
Поврзани објави
Кијану имал 13 години кога последен пат го видел татко му. Самјуел пробал да стапи во контакт со него во 1990-тите, но Кијану не бил заинтересиран.
Потоа, во 1993 година се соочил со страшна загуба, кога го изгубил најдобриот пријател, колегата Ривер Финикс, братот на популарниот актер Хоакин Финикс. Ривер тешко се справувал со товарот на славата, а утеха побарал во консумацијата на дрога и алкохол. Смртта ја пречекал на улица, пред тогашното омилено место за излегување на холивудските ѕвезди, ноќниот клуб Viper Room.
„Ривер дефинитивно беше еден од моите најблиски пријатели во тоа време. Имавме ист уметнички сензибилитет. Ривер беше многу приземјен, спиритуален и единствен уметник. Многу ми недостасува“, рекол Кијану во интервју за Guardian.
Кијану останал и без својата партнерка Џенифер Сајм, која загинала во 2001 година во ужасна несреќа на само 28 години. Пред несреќата, Џенифер и Кијану чекале девојче, Ава, но детето било мртвороденче.
„Тагата ја менува формата, но никогаш не исчезнува. Луѓето погрешно веруваат дека еден ден, по долга борба, ќе можете да кажете дека тагата исчезнала и дека се чувствувате подобро. Тие луѓе грешат. Кога луѓето што ги сакате си заминуваат, останувате сами“, рекол актерот.
ФОТО: Инстаграм