Почетна Убавина и здравјеЌе се измачите ако ја ископирате неговата ѕверска рутина, но вреди да пробате – Убавина и здравје

Ќе се измачите ако ја ископирате неговата ѕверска рутина, но вреди да пробате – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

И покрај тоа што е во пензија повеќе од една деценија, Дејвид Бекам изгледа подобро со годините и веројатно се прашувате како го постигнува совршеното тело на Аполон.

Дејвид Бекам секако ги привлекува воздишките на дамите ширум светот, иако е фудбалер во пензија. И на 49 години се прослави со улогата во новата модна кампања на познат бренд за долна облека, покажувајќи дека сè уште има совршена фигура, мускули и нереални стомачни.

И, како Дејвид Бекам го постигна ова совршенство?

Едно објаснување е неговиот уникатен пристап кон вежбањето наречен „фитнес-грицкање“ (fitness snacking).

Тоа значи дека Бекам практикува мали епизоди на вежбање во текот на денот, како дел од неговата нормална, дневна рутина. Ова вклучува, на пример, трчање на лента, прошетка на семејните кучиња, косење трева, планинарење или градинарство.

Сепак, тој ја надополнува својата рутина со низок интензитет со многу интензивни тренинзи на кои внимателно им се посветува. Така, Бекам практукува различни тренинзи во текот на неделата, обично наизменично – тренинзи со висок интензитет (HIIT) и трчање, понекогаш носејќи облека со тегови за да му даде на своето тело дополнителни предизвици.

Во магазинот за луксузен животен стил AugustMan, кој се посвети на детална анализа на навиките за јадење и вежбање на Бекам, неговиот понеделнички тренинг беше опишан како кратко џогирање, проследено со серија вежби за зајакнување. Тие вклучуваат туркање санки 230 метри, 60 склекови, 90 секунди скокање со јаже, 60 вежби со кетлбел и 60 сквотови.

Во вторник, Дејвид се фокусира на кардио, со 10 серии спринтови од еден километар.


Поврзани објави

Во среда, им се враќа на тренинзите за сила, овој пат со 200 чучнувања, 150 склекови, 100 кревања на нозете на шипката за згибови, 25 бурпи (тоа се склекови проследени со скок во височина) и 50 планкови со push-up вежби.

Ова последново, велат, е ѕвер меѓу вежбите, кој силно ги развива јадрото и горниот дел од телото, но и ги разработува нозете.

Се изведува вака: почнувате од висок планк, потоа се спуштате во планк на подлактиците, потоа се крева една по една рака назад во положбата на висок планк и на крај се прави склек.

И така, Бекам оди горе-долу 50 пати по сето горенаведено, што значи дека секое чудење за неговото тело може да престане тука.

Четвртокот, како и вторникот, е главно резервиран за трчање, но сега вклучува 30 серии спринт-тренинзи кои траат по 20 секунди.

Петок е порелаксиран и се состои од 20 до 30 минути сесија на лента за трчање, понекогаш и малку јога, качување по карпи или ММА тренинг, а сето тоа оди рака под рака со неговото нормално, секојдневно фитнес-грицкање кое веќе го спомнавме.

За време на викендите, фала му на Бога, тој одмора и закрепнува, но сепак одржува релативно активна рутина на шетање со кучињата и планинарење.

Фото: Инстаграм