Марија Личарди, Гризелда Бланко, Енедина Арелано Феликс – сите тие се жени кои однадвор изгледале безопасно, но, всушност, ги воделе најопасните кланови во светот
Кога размислуваме за мафијашки кланови и за нивните лидери, прво на памет ни паѓаат авторитативни мажи. Но се случува клановите да ги водат и жени. Еден од таквите примери е Марија Личарди, која раководела со криминално семејство од Неапол.
Таа со години важела за еден од најмоќните и најопасните шефови на неаполската мафија. Уште од раното детство покажала извонредни лидерски квалитети, што придонело за нејзиното брзо искачување на хиерархиската скала. Отсуството на емпатија исто така ѝ одело во прилог.
Марија Личарди се поврзувала со многу убиства, изнуди и трговија со недозволени супстанции. Била поврзана и со трговија со луѓе: нејзините подредени купувале луѓе од албанската мафија и ги носеле во Неапол, каде што ги давале во ропство. Оние што не можеле да завршат нешто, се жалеле или се обиделе да побегнат, веднаш биле елиминирани по наредба на Личарди.
Способноста на Марија да манипулира со луѓето, како и нејзиниот талент за градење необични криминални сојузи, ѝ помогнале да стане опасен ривал за секој шеф на мафија. Марија се занимавала со сите можни видови измама.
Но сега нејзините ривали можат мирно да спијат – Марија веќе неколку години е во притвор.
Енедина Арелано Феликс, жената на чело на еден од најпознатите, најмоќните и најопасните картели, картелот Тихуан, во животот правела сè и сешто. Овој картел станал најопасен во светот, благодарение на посветената работа на Енедина.
На почетокот го користела своето сметководствено образование, се занимавала со перење пари и не била еден од лидерите. Тоа се сменило кога нејзиниот брат бил уапсен, тогашниот шеф на картелот. Енедина го зазела неговото место и почнала да користи многу оригинални и ефикасни шеми за перење пари и дистрибуција на забранети супстанции.
Агентите кои го истражуваат нејзиниот случај, ја нарекуваат финансиски центар и главен мозок на картелот Тихуан. Картелот се состои од околу илјада луѓе, а секој од нив е подготвен да ја изврши секоја наредба од Енедина, без никакво колебање. Таа и понатаму е на слобода и претставува голема опасност. Притоа, Енедина не се карактеризира со комплетна суровост, понекогаш ги решава проблемите по мирен пат и со преговори – но со неа нема опуштање.
Гризелда Бланко
Гризелда Бланко е Колумбијка која уште како дете тргнала по криминален пат. Во 1970-тите и 1980-тите била вмешана во трговија со нелегални супстанции под контрола на картелот Меделин. Гризелда важи за една од првите кои го согледале потенцијалот на кокаинот и почнале активно да тргуваат со него. Лично таа елиминирала многу свои непријатели, и тоа на исклучително суров начин. Одговорна е за околу 200 убиства.
ФОТО: Јутјуб