Врската на Јелена Розга и Иван Хуљиќ е топ тема деновиве…
По долг период на гласини, протекоа фотографии кои потврдија дека Јелена Розга и Иван Хуљиќ се во врска. Тие беа снимени заедно летово во Будимпешта, каде што лежерно шетаа држејќи се за рака, мислејќи дека никој не ги забележува. (Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА).
За нивната љубов првпат се пишуваше пред десетина години, а шпекулациите дека се смириле почнаа откако Розга во јули минатата година откри дека е среќно заљубена.
Врската на Јелена Розга и Иван Хуљиќ беше потврдена кога тој ја поддржа за време на нејзините концерти во белградскиот Сава центар. Тој во тоа време седеше во публиката за да не го привлече медиумското внимание.
Љубовниот живот на Иван отсекогаш бил обвиен со мистерија, но позната е една дама од неговото минато. Во 2010 година беше виден како се бакнува со манекенката Ана Горета во ноќен клуб.
Таа вечер ме возеше дома затоа што сакав да спијам, а пријателите со кои се забавував сакаа да останат во клубот“, рекла манекенката во телефонски разговор, а потоа ја демантираше врската со синот на Тончи Хуљиќ.
Извесен период Иван беше поврзуван во медиумите со новата пејачка на „Магазин“ Лорена Буќан, бидејќи честопати се појавуваа заедно во јавноста, но всушност имаат деловен однос.
Поврзани објави
Јелена Розга, исто така, се обидуваше да го скрие својот љубовен живот во поголемиот дел од кариерата, а нејзината последна позната врска беше со виолончелистот Стјепан Хаусер, со кој раскина во 2017 година.
Фото: Instagram