Почетна Убавина и здравјеЌе ве подмладат, а се стилизираат за миг – Убавина и здравје

Ќе ве подмладат, а се стилизираат за миг – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ви откриваме кои се трите најдобри фризури за ретка коса за жени над 50 години

Менопаузата подразбира неколку хормонски промени, како што се пад на нивоата на естроген и прогестерон, што може да влијае врз здравјето на косата. Тоа може да ги ослаби фоликулите на влакната, што доведува до зголемено опаѓање на косата и забавен раст. Ако поминувате низ менопауза, можеби ќе забележите намалување на волуменот на косата, со поретки перчиња.

Ако страдате од опаѓање коса или проретчена коса, одберете должина што паѓа помеѓу брадата и неколку сантиметри под рамениците – или одберете степени што го врамуваат лицето. Слоевите создаваат илузија на волумен и текстура, а брановидните фризури го зголемуваат волуменот и изгледаат ултрамодерно.

Ви откриваме кои 3 фризури се идеални за жените над 50 години…

1. Лоб


Поврзани објави

Боб е едноставна фризура што лесно се стилизира и одлично им стои на жените што сакаат да го зголемат волуменот и да го дефинираат стилот. Должината на лоб-фризурата паѓа некаде помеѓу брадата и клучната коска и им стои на жените со срцевидно или тркалезно лице, со широки јаболчни коски и чело и со шпицести брада. Израмнете го предниот дел за елегантен изглед или користете четка за да го исфенирате.

2. Боб до брадата

Боб со должина до брадата е погоден за потешки типови коса и ги дополнува тркалезните лице и оние со форма на срце, бидејќи го одвлекуваат вниманието од вилицата и ги нагласуваат најубавите црти. Исто така, лесна е за стилизирање и за одржување.

3. Бранови до рамениците

Оваа фризура прилега за секоја возраст. И да немате брановидна коса, постои едноставен начин да направите таква фризура. Почнете така што ќе нанесете пена за згуснување, за дополнително подигнување и текстура на косата што сте ја избришале со пешкир, а потоа исушете ја косата и навиткајте ја со пегла за коса, почнувајќи од средината до врвовите за нежни бранови. Завршете со лесен лак за коса за да ги задржите брановите и одбегнувајте премногу да ја допирате косата во текот на денот, за да ја одржите структурата на брановите.