Пејачката отворено проговори за предизвиците со кои секојдневно се соочува нејзиното семејство и призна дека најмногу расправии дома има токму околу храната.
Ивана Селаков искрено зборуваше за проблемот со кој се соочува нејзината ќерка Круна уште од раѓање. Пејачката откри дека девојчето има редок пореметувачки однос кон храната, состојба за која, како што вели, многу малку се знае на Балканот.
Таа објасни дека поради недостиг на информации кај нас, најголем дел од советите и објаснувањата ги пронашла во странска литература и текстови на англиски јазик. Според Ивана, Круна е исклучително пребирлива кога станува збор за оброците, што им создава секојдневни предизвици.
Јас сум најстрога кога е храната во прашање. Најмногу расправии имаме токму околу тоа што треба да јаде“, признала пејачката.
Поврзани објави
Таа додала дека постојано се трудат да најдат начин девојчето да внесува доволно храна и хранливи материи.
И покрај проблемот со исхраната, Ивана нагласила дека со Круна сѐ друго е во најдобар ред. Пејачката потенцираше дека како родители секојдневно вложуваат многу трпение и внимание за да ѝ помогнат на ќерката полесно да се справи со оваа состојба.
printskrin youtube -BLIC – SELAKOV