Кристина Митровиќ ужива во Портофино со стил што го фасцинира регионот.
Кристина Митровиќ, ќерката на сопственикот на „Пинк“ Жељко Митровиќ, замина на летен одмор во едно од најлуксузните места на италијанската ривиера – Портофино. Таа до таму пристигнала со приватен авион и се сместила во хотел каде што ноќевање чини дури 4.000 евра.
Митровиќ на Инстаграм објави фотографии со поглед кон тиркизното море, базенот пред хотелот и јахтите кои ги красат пристаништето. Со овие објави таа уште еднаш го истакна својот раскошен стил на живот, кој редовно предизвикува внимание во јавноста.
Поврзани објави
Инаку, Кристина веќе подолго време живее во Лондон, каде ги завршува студиите. Таму ја пронашла и љубовта – како што се пишуваше, нејзиното срце го освоил Украинцеот Илија Рискин, со кого често објавуваше заеднички фотографии.
printskrin Youtube – zeljko mitrovic