Популарната поп-пејачка Јелена Томашевиќ, која во јавноста важи за дама со исклучително професионално однесување, неодамна ја насмеа јавноста со приказната за најголемиот срам што го доживеала во кариерата.
Сè се случило на свадбата на синот на еден од нејзините соработници. Јелена го познавала младоженецот Марко и неговата долгогодишна девојка Ивана, па со задоволство ја прифатила поканата да биде гостинка и да им ја честита свадбата, а за време на вечерта се качила и на бината за да им ја отпее омилената песна.
Сепак, пред да го земе микрофонот во раце, направила непредвидена грешка која веднаш предизвикала потполн молк меѓу гостите:
„Излегувам и велам: Марко и Ивана, да ви е со среќа, да сте долговечни. А тие сите: Неее! Не е Ивана! Новата девојка е во прашање, Маријааа! Јас во земја пропадoв. Никој не ми кажа дека тој во меѓувреме раскинал со поранешната вереница и дека се жени со друга девојка“, искрено раскажа Јелена со насмевка.
Иако во тој момент имала чувство дека ќе пропадна во земја од срам, денес на оваа комична ситуација се сеќава со хумор.