Јелена Карлеуша роденденот го одбележа на јахта во Црна Гора.
Пејачката Јелена Карлеуша вчера го прослави својот 47. роденден на јахта во Црна Гора, опкружена со најблиските пријатели. Интимната атмосфера, тортата и шампањот беа дел од роденденската забава која ја организираше подалеку од белградската јавност.
На фотографиите таа блеска во жолт хеклан комплет кој ја нагласи нејзината витка линија и облините што веднаш го привлекоа вниманието на присутните. Еден мал, но значаен детаљ од фотографиите, сепак, ја откри придружбата на пејачката – кошаркарот со кого наводно отпатувала.
Фотографиите може да ги погледнете ОВДЕ
Инаку, последниве денови Карлеуша беше во центарот на вниманието по немилите сцени на концертот во Лозница. Таму се случија инциденти со навреди и повици на насилство, поради што дури и полицијата мораше да интервенира за да ја обезбеди пејачката.
Поврзани објави
По инцидентите, Карлеуша јавно се огласи и откри повеќе детали за непријатностите што ги доживеала. Сепак, со роденденот во Црна Гора таа им порача на сите дека продолжува понатаму и дека не дозволува ништо да ѝ го расипе славјето.
printskrin Youtube – pravlo lice estrade jelena karleusa