Table of Contents
Ви откриваме 7 модни совети за пониски дами
Кога станува збор за модата, стилот на ниските дами честопати не добива многу на значење. Нема мали величини во сите продавници, а таму каде што има, обично изборот е ограничен. Како резултат на тоа, купувањето и облекувањето за жените со понизок раст може да биде предизвик. Но ние ви откриваме седум модни совети што вредат злато!
Што треба да земете предвид при шопингот?
Запознајте ги своите мерки
Постојат неколку мерки што навистина се важни ако се обидувате да ја пронајдете својата точна величина: мерка на градите, половината, колковите и бутовите. Познавањето на овие информации ќе ви помогне да бидете сигурни дека ја купувате точната величина.
Идентификувајте го обликот на вашето тело
Секое тело е различно обликувано. Пред да почнете да купувате облека, идентификувајте го обликот на вашето тело. Така можете да ги истражите продавниците што имаат облека наменета за вашата специфична форма. На пример, жените кои имаат триаголна форма на телото, треба да купуваат во продавници што нудат фустани и здолништа. Кројот е одлична појдовна точка, бидејќи овие парчиња помагаат во балансирањето на долната половина на телото.
Купувајте со одредена намена
Само затоа што во продавницата има облека за пониски дами, тоа не значи дека тие парчиња му прилегаат на вашиот личен стил. Ви препорачуваме да ги купувате основните парчиња од одделенијата за мали величини, а потоа да купите модерни парчиња од регуларните одделенија.
Поврзани објави
Имајќи го тоа предвид, кога ќе купувате во одделенија со редовна величина, побарајте пократки парчиња, што веројатно вам ќе ви одговараат. На пример, должината на кратките маички, мини-здолништата и кратките панталони веројатно ќе им одговара на пониските дами.
Модни совети за пониски дами
1. Сакоата и јакните со стандардна величина носете ги откопчани.
2. Користете модни додатоци за да изгледате повисоко. Освен високи потпетици, добро е да носите ремен над половината. Така ќе оставите впечаток дека сте повисоки, бидејќи нозете ќе ви дојдат до израз, а со самото тоа ќе ви се издолжи и силуетата.
3. Држете се до монохроматскиот стил. Обувките нека ви прилегаат на панталоните или здолништето. Истото можете да го примените и ако носите фустан.
4. Одбирајте деликатни парчиња наместо гломазни. Ако одлучите да носите накит или чанта, одлучете се за деликатни парчиња, како што се минимални синџирчиња и мали чантички што ќе му одговараат на вашиот мал раст. Помалите предмети нема да ве издоминираат.
5. Чизмите преку колената можат да ви ги издолжат нозете.
6. Помалку е повеќе кога одбирате макси-фустани. Иако макси-фустаните се чинат забранети за пониските дами, тие дефинитивно можат да ги носат ако одберат фустани што се еднобојни или имаат подискретни дезени.
7. Урамнотежете ги предимензионираните парчиња со парчињата што совршено им прилегаат на обликот и линијата на вашето тело. При носењето преголеми парчиња, клучно е да ги комбинираат со парчиња што подобро ви стојат, како што се тесните фармерки или панталони.