Почетна Убавина и здравјеНоќеска во Кочани избувнал пожар за време на концерт на позната група: Хоспитализирани десетици лица со тешки изгореници

Ноќеска во Кочани избувнал пожар за време на концерт на позната група: Хоспитализирани десетици лица со тешки изгореници

од nenad
1 минути читај за

Според информациите во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје се хоспитализирани 27 лица со тешни изгореници, 24 на Клиничкиот центар, 18 во „8 Септември“, од кои двајца во критична состојба.

Поради сериозност на повредите здобиени како резултат на пожарот и вдишување чад дел од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, во Градската општа болница „8 Септември“ и на Скопските клиники.

Пред Болницата во Кочани се наоѓаат голем број на блиски и роднини на повредените и на починатите. Општинската организација на Црвен крст прави списоци за утврдување на идентитетот на загинатите лица.

Во првичната информација од МВР за МИА, се посочува дека најмалку 50 лица се загинати во дискотеката во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група.

Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа на местото на несреќата и се очекуваат првите информации за трагедијата. Кон местото на несреќата се упати и премиерот Христијан Мицкоски.

Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани.