Водителката објави фотографии со младенче тигар и се присети на драг пријател
Контроверзната водителка Јована Јеремиќ повторно ги изненади фановите – овој пат со откритие за необичен талент кој, како што вели, со години го криела од јавноста.
На социјалните мрежи сподели фотографии од зоолошката градина во Јагодина, каде што се гледа како нежно се гали со младенче тигар.
Можеби ова е мојата најголема тајна што со години ја криев од медиумите – имам талент за животни. Умеам да комуницирам со нив. Дали сте слушнале дека постојат луѓе што можат да зборуваат со животни? Тигарот го припитомив уште веднаш. Сѐ е енергија“, напиша Јеремиќ.
Поврзани објави
Да потсетиме, Јована неодамна откри дека нејзината ќерка ќе добие уште едно милениче, откако семејството го прошири со бенгалската мачка по име Хера. Очигледно љубовта кон животните кај Јеремиќ е посилна од било кога.
printskrin Youtube-blic