Пејачката блескаше во гламурозно издание, но сите очи беа вперени во човекот што постојано е покрај неа
Јелена Карлеуша повторно го украде вниманието на јавноста – овој пат со појава на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Папарацо фотографиите ја прикажуваат музичката ѕвезда во нејзино препознатливо модно издание, но и во друштво на мажот кој, според многумина, не се одвојува од неа.
На аеродромот пристигна со црн луксузен мерцедес, но вниманието не го привлекуваше само возилото. Со неа беше и менаџерот Зоран Бирташевиќ, кој ѝ е редовна придружба на јавни настани и патувања.
Иако јавноста шпекулира за нивната блискост, засега е познато само дека Карлеуша и Бирташевиќ имаат долгогодишна професионална соработка.
Поврзани објави
Но, нивната појава заедно секогаш предизвикува интерес и коментари, особено кога се фатени во ваков момент – без сценарио.
Фотографиите може да ги погледнете ОВДЕ
printskrin Youtube – hype tv karleusa