Пејачката на социјалните мрежи објави ретки фотографии и приказни за своите предци, меѓу кои имало и аристократи и херои.
Фотографии и сведоштва кои ретко кој ги знаел, Јелена Карлеуша ги сподели со јавноста преку социјалните мрежи. Пејачката за првпат откри делови од својата семејна историја, покажувајќи дека од страна на таткото потекнува од Врање и Лика, а по мајчина линија нејзините корени водат до Словенија и Австрија. Меѓу објавените фотографии се најдоа и оние на нејзиниот татко, поранешниот началник на Управата за борба против организиран криминал, Драган Карлеуша.
Со гордост, Јелена откри дека по мајчина линија имала прабаба со благородничко потекло – Марија фон Дајц, австриска грофица по која и денес улица во Грац го носи нејзиното име.
Моја прабаба по мајка беше со „сина“ крв, голем добротвор, која за жал заврши во политичко прогонство и сиромаштија,“ напиша пејачката, додавајќи дека оваа приказна е дел од наследството на кое се гордее.
Поврзани објави
Но, нејзините корени кријат и болни трагедии. Дедото по мајка, Јуриј (Јуре) Томажич, бил воен пилот кој загинал на само 33 години за време на задача. Несреќата била уште поголема бидејќи само два часа подоцна животот го загубил и неговиот брат, исто така пилот.
Тоа беше удар што ја скрши целата фамилија. Баба ми никогаш повеќе не прозборе ниту еден збор,“ објаснила Карлеуша, истакнувајќи дека историјата на нејзиното семејство е полна со искачувања, падови, но и незаборавни личности.
printskrin Youtube -hype tv karleusa