Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша проговори за разводот и односот со поранешниот сопруг Душко Тошиќ, нагласувајќи дека никогаш не посакувала нејзините ќерки да бидат деца на разведени родители.
Карлеуша беше гостинка во емисијата „Премиера – викенд специјал“ на телевизија „Пинк“, каде што искрено зборуваше за својот приватен живот, емотивните падови и односите со мажите. Таа отворено призна дека свесно го жртвувала приватниот живот заради кариерата, истакнувајќи дека „не е лесно да се живее со неа“.
Осврнувајќи се на разводот со фудбалерот Душко Тошиќ, пејачката нагласи дека денес воопшто немаат контакт:
Кога станува збор за мојата приватност, сè е веќе видено, секој дел од моето тело, тоа повеќе и не е табу. Душко не успеа да издржи одредени работи. Не можам да кажам дека го разбирам, но се борев бракот да опстане – пред сè поради децата. Тој е прекрасен татко на нашите ќерки. И јас сум дете на разведени родители и не сакав моите деца да минат низ истото, но се случи – изјави Јелена.
Поврзани објави
Таа додаде дека во моментов нема партнер и не е во потрага по љубов:
Сакам да им порачам на жените да не се борат за оние кои не ги сакаат онака како што тие ги сакаат нив. Немам нов партнер. Не би сакала повторно да се заљубам, не сакам да трошам време на емоции кои им ги давам на погрешни луѓе. На сила нема да бидам со никого. Комбинации сите имаме, но вистинската љубов повеќе не ми е приоритет – порача Карлеуша.
Текст: Убавина и здравје