Почетна Убавина и здравјеЈа откри тајната за витката линија! – Убавина и здравје

Ја откри тајната за витката линија! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Пејачката Радмила Манојловиќ долго време се смета за една од најзгодните регионални ѕвезди. Во едно гостување во емисијата „Песмом за душу“, таа зборуваше за својата фигура и откри дека зад нејзиниот изглед не стои никаква строгa диета.

Според нејзиното признание, тајната е едноставна: таа не јаде слатки и има разновидна исхрана.

„Не сум некој кој лаже луѓе дека ништо не јаде. Така сум се родила и тоа е тоа. Јадам нормално, без строга диета и тренинг. Многу зависи од генетиката и семејството – целата моја фамилија е со ваква градба. Можеби една од тајните е што не јадам слатки, тоа многу значи. Навистина се заситувам со малку храна – ако во ресторан има плескавица од 200 грама, јадам половина и тоа ми е доволно. Јадам бавно, уживам во храната. Јадам сè, но тоа се моите навики“, објасни Рада.

Поврзани објави

Таа откри дека кога ќе се здебели, килограмите одат „точно таму каде што треба“, и одговори и на гласините за пластични операции:

„Единствено што можеби се зголеми се задникот и градите. Имам среќа што кога ќе добијам килограм повеќе од идеалната тежина, оди токму таму каде што треба. Слушам приказни дека сум ставила силикон во градите и задникот, но тоа се глупости. Само се насмевнувам и продолжувам да јадам“, заклучи Манојловиќ.

 

Фото: Инстаграм  https://www.instagram.com/radamanojlovic/?hl=en